Почна изградбата на третата секција од далекуводот на двосистемски 110 кV ХЕЦ Вруток - ТС Тетово, во атарот на селото Брвеница. Станува збор за еден од инфраструктурните проекти на Владата на Република Македонија, финансиран со кредит од Европска Инвестициона Банка, кој се состои од три независни секции, со вкупна должина од 33 км. Вкупната инвестиционата вредност на проектот е околу 3 милиони евра, а изведувач на работите е компанијата ЕМО - Охрид. Во досегашниот период е испорачана и инсталирана опрема во вредност од 82,5 % од вкупната вредност на целокупната инвестиција. Би сакал да истакнам дека во вредност од 1,27 милиони евра е реализирана и набавка на нова примарна и секундарна опрема во 110 киловолтните трансформаторски станици: Југохром, Полог, Тетово 1, Тетово 2, Гостивар и Вруток. Притоа е заменета со нова постоечка високонапонска опрема, со што значајно е зголемена доверливоста на електроенергетските постројки кои се дел од преносната мрежа. Според планот на реализацијата се предвидува далекуводот да биде комплетно изграден и пуштен во погон во септември 2014 година, истакна министерот Сараќини.
Почна изградбата на третата секција од далекуводот на двосистемски 110 кV ХЕЦ Вруток - ТС Тетово, во атарот на селото Брвеница.
Станува збор за еден од инфраструктурните проекти на Владата на Република Македонија, финансиран со кредит од Европска Инвестициона Банка, кој се состои од три независни секции, со вкупна должина од 33 км. Вкупната инвестиционата вредност на проектот е околу 3 милиони евра, а изведувач на работите е компанијата ЕМО - Охрид. Во досегашниот период е испорачана и инсталирана опрема во вредност од 82,5 % од вкупната вредност на целокупната инвестиција
„Би сакал да истакнам дека во вредност од 1,27 милиони евра е реализирана и набавка на нова примарна и секундарна опрема во 110 киловолтните трансформаторски станици: Југохром, Полог, Тетово 1, Тетово 2, Гостивар и Вруток. Притоа е заменета со нова постоечка високонапонска опрема, со што значајно е зголемена доверливоста на електроенергетските постројки кои се дел од преносната мрежа. Според планот на реализацијата се предвидува далекуводот да биде комплетно изграден и пуштен во погон во септември 2014 година", истакна министерот Сараќини.
Во оваа последна трета фаза ќе бидат изградени вкупно 38 столбови, а се очекува изградбата да заврши до оваа есен по што под напон ќе се стави целиот далновод со 133 поставени челично решеткасти столбови. Од МЕПСО информираа дека поставувањето на два системи за пренос на електрична енергија водот има двојно поголем капацитет со што се решава снабдувањето со електрична енергија на Полог во следните десеттина години.
„Со цел да ги подобриме напонските прилики во тетовскиот регион ние формираме еден прстен, така што освен далноводот Вруток - Тетово во следниот перидод кон крајот на април и почетокот на мај ќе се започне со изградба и на 110 киловолтен далекувод, на постоечката траса Скопје - Југохром - Тетово во должина од 48,6 километри со инвестициска вредност од 3,9 милиони евра", изјави генералниот директор на МЕПСО Синиша Спасов.